Description
Најважното дело на шведскиот писател Јоран Тунстром е семејна сага на три генерации во текот на бурниот XX век. Романот почнува во 1930 година, кога Солвег (сопруга на Арон и мајка на Сиднер) е убиена. Семејството, потонато во тага, го напушта домот и се преселува во друг град, надевајќи се дека ќе го почне животот одново, но открива дека емотивниот товар го понеле со себе. Арон, погоден од загубата, почнува да ја „гледа“ сопругата во разни халуцинации и почнува да ја бара нејзината реинкарнација во некоја жена од другата страна на светот. Интроверниот тинејџер Сиднер тргнува во потрага по емотивна зрелост, која го води во чудни пријателства со уличен џамбаз и со слободоумна возрасна жена зад која се крие идентитетот на познатата писателка Селма Лагерлеф.