Игра на соништата

Игра на соништата

By Аугуст Стриндберг
ISBN
9786082250823
Publication Year
2013
Category
Literature
Publisher
Македонска ризница
Language
Macedonian
Available
Location: Shelf CLASS P - LANGUAGE AND LITERATURE, Row 1

Description

„Дете на мојата најголема болка“, ќе напише Стриндберг за својата драма „Игра на соништата“, во која низ призмата на сопствениот бурен живот, се обидува да толкува што значи да се биде човечко суштество. Драмата е базирана врз фантастични мотиви од сказните за ќерката на богот Индра, која од небото се спушта на земјата за да дознае како живеат луѓето. Го среќава Поетот, кој станува нејзин водич и гласноговорник на луѓето. Тие заедно ги испитуваат сите несреќи, неправди и страдања што се дел од животот. Песимизмот е силен, но се ублажува со резигнирано христијанско сочувство („штета е за луѓето“), нарочно со социјално угнетените народни маси. Преку контрастирање на убавото меланхолично со драстично хумористичното, Стриндберг успева да го пренесе сопственото измешано доживување на животот, мачен и исполнет со волја во исто време.

Rate This Book

0.0
0 ratings

Click a star to rate: