Description
Грозоморната смрт го обелоденува мрачното срце на едно приморско скандинавско гратче. Кога Ерика Фалк се враќа во своето далечно родно место Фјелбака по смртта на своите родители, се соочува со уште една трагедија: самоубиството на нејзината најдобра пријателка од детството, Алекс. Самата Ерика го наоѓа нејзиното тело – потопено во када со смрзната вода и со пресечени вени. Ерика е потресена – зошто една прекрасна жена која има сè би си го одзела животот? Во тим со полицискиот детектив Патрик Хедстром, нејзината стара љубов, Ерика почнува да ги разоткрива шокантните настани од детството на Алекс...