Description
„Светлина“ започнува со страшна епидемија која опустошува едно село на северот на Европа, при што ќе преживеат само неколкумина жители. Болеста со себе ги однесла и сите морални претстави и чувството за правичност меѓу луѓето.
Селскиот столар Коник се залага за воспоставување ред и законитост. Еден ден во селото доаѓа туѓинец за утврди дали жителите сè уште поседуваат способност да дадат придонес за кралството. Но и тој ќе биде погоден од општото беззаконие. Кога Кониковата сопруга ќе го привлече со својата убавина, нема да може да му се спротивстави на предизвикот. Но столарот има и една свиња која во мигот на љубовната игра на туѓинецот со неговата сопруга, ќе тргне низ селото по храна и се случува страшен злостор, па свињата мора да биде изведена пред лицето на правдата...