Description
ПРВ РОМАН ОД МЕГАПОПУЛАРНИОТ СЕРИЈАЛ ЗА КУРТ ВАЛАНДЕР.
Сè започнува со бесчувствително и насилно злосторство: една студена ноќ на една далечна шведска фарма, еден постар фармер е претепан до смрт, а неговата жена оставена да умре со јаже околу вратот. Tоа создава доволно проблеми за полицискиот инспектор на Истад, Курт Валандер, уште повеќе што последниот збор на жената е странец, што на полицијата ѝ претставува единствена трага – а во поширок контекст, тоа е искрата што може да ги разгори и онака распламтените чувства на ксенофобија во Шведска.
А животот на Валандер на личен план се распаѓа: неговата жена го напушта, неговата ќерка не му зборува, дури и неговиот стар татко одвај го поднесува. Тој работи неуморно, се храни лошо и се опива до ситните часови. Но сега, кога зимата заострува а неговите активности ги надгледува една непоколеблива јавна обвинителка, Валандер мора да заборави на своите маки и да се втурне во битка со времето и со зголемената расна омраза.